Пратеникот од ХДЗ и син на првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман, Мирослав Туѓман е во тешка состојба поради заболување од Ковид-19 и во моментов се лекува во хрватската Клиника за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“.

Како што објави „Вечерњи лист“, Туѓман со денови се борел со последиците од заразата со Ковид-19 и поминал низ фази на подобрување и влошување на болеста.

Неговата моментална состојба дополнително се влошила, па тој е поврзан на апарати за дишење. Од болницата велат дека неговата состојба во моментов е стабилна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.