Во стан во населбата Глогоњски рид во Белград српската полиција пронашла тело  на мртов маж.

Се претпоставуваше дека станува збор за човек кој починал сам, заборавен од сите, сè додека во не го пронашле и неговиот психички болен син, кој откако таткото починал, јадел делови од него, зошто немал што друго да јаде, пишува „Информер“.

Според непотврдени информации на порталот, мажот бил починат најмалку седум дена, но не се знае точно колку. Соседите повикале полиција кога од станот со денови се ширела неподнослива смрдеа.

Кога полицијата влегла во станот, пишуваат српските медиуми, имало крв насекаде, додека во една од собите на кревет лежело расарчено тело.

Синот бил сокриен, а кога го пронашле делувал изгубено и запуштено. Тој е префрлен на Инфективна клиника, каде ќе му бидат извршени повеќе прегледи, додека телото на починатиот е предадено на Судска медицина за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.