Силно невреме со грмотевици и врнежи од дожд зафати голем дел од хрватска Загора, делови од цетинскиот регион и во околината на Шибеник.

Како што објави порталот „Далмација Данас“, обилни врнежи од дожд се регистрирани на подрачјето на Биоково, каде локално за многу кратко време паднале до десет литри дожд на метар квадратен, а забележани биле и интензивни грмотевици.

На подрачјата зафатени од невреметото за кус период температурата се намали за над пет степени.

За помалку од еден час, екстремни 53 литри дожд на метар квадратен паднаа во Кистање, што предизвика изразени порои.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.