Силно невреме ја зафати Црна Гора, а во Подгорица по вчерашните тропски жештини, температурата за само неколку часа се спушти за десет степени.

Во Подгорица наврна пороен дожд и град со големина на лешник, а ветерот корнеше гранки од дрвјата. Во невремето оштетени се и неколку автомобили.

Делови од градот се без електрична енергија. Метеоролозите најавуваат дека дожд ќе врне во повеќе налети во текот на денот. Изминатите денови во Подгорица и околината температурата изнесуваше околу 40 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.