Врските меѓу шефот на нарко кланот Дарко Шариќ и црногорскиот кавачки клан со кој раководи Радоје Звицер се многу силни.

Освен што ги застапува истиот адвокат Дејан Лазаревиќ, кој сега е уапсен со Шариќ, овие две криминални групи ги поврзува минатото и меѓусебната соработка додека Шариќ беше главниот наркобос на Балканот.

Миша Радуловиќ, попознат како Миша Банана, еден од најблиските соработници на Шариќ, но и Драган Дудиќ Фриц до 2010 година беа главната врска на которските морнари кои работеле со кокаин и Дарко Шариќ.

Исто така, Дарко Шариќ и неговата група биле меѓу првите кои го поддржале „кавачкиот клан“, особено ако се земе предвид дека по бегството на Шариќ, неговата група била цел на Јовица Вукотиќ лидерот на Шкраљарците.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.