Силна експлозија одекнала во центарот на Смедерево, Србија нешто пред 21 часот, јавува Инстаграм профилот „192_rs“. Како што се наведува, се стравува дека има жртви. Полицијата го блокирала местото на настанот. Според неофицијални информации причина за експлозијата е плински боци

На друштвените мрежи се појавија видеа и слики на кои се гледа расфрлано стакло низ целиот пат, како и голем број вознемирени граѓани кои излегоа на улица. Како што јави РТС, најмалку едно лице го загубило животот, а две се повредени.

Како што можете да видите на видеата, низ целата улица има расфрлано стакло, полициски ленти се закачени околу зграда, каде што се претпоставува дека се случила експлозијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.