Силен земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, го потресе средниот дел на Србија. Земјотресот се случи во 13:48 часот.

Епицентарот на земјотресот е во близината на Крагујевац и Чуприја, на ненаселено место на длабочина од 5 километри.

Бил почувствуван и во Ниш и околината, како и во Белград, но со послаб интензитет.

Денеска земјотрес од 4,6 степени според Рихтер бил почувствуван и во Русија во Владикавказ во близина на границата со Грузија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.