Европската унија треба да потпише нов договор за миграција со Анкара, со цел Турција да го спречи приливот на мигранти преку нејзините граници, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Питер Сијарто.

Тој ова го рече по разговорот со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анкара.

Сијарто истакна дека Брисел и ветил на Турција шест милијарди долари за да се справи со ситуацијата, но оти е спорно колку од тие пари и се префрлени на Анкара.

Сијарто го повика Брисел итно да го реши спорот со Турција.

Тој оцени дека миграциите претходно претставувале безбедносен и културолошки ризик, а дека тие сега ги загрозуваат економијата и здравјето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.