Во Хрватска започна штрајк во основните и средните училишта во кој се очекува да учествуваат повеќе од илјада образовни институции во земјата, откако Владата го одби барањето на двата образовни синдикати за зголемување на платите за 6 отсто.

По вториот круг преговори, Владата не ги задоволи нивните барања за зголемување на коефициентот на сложеност на работа во образованието од 6,11 отсто и им понуди само 2 отсто.

Штрајкот ќе продолжи секој ден во одредени жупании – до исполнување на синдикалните барања.

Владата понуди преку дополнувања зголемување на основата од два проценти на 1 октомври и два проценти на 1 јуни 2020 година. Тоа е неприфатливо за синдикатите и затоа преговорите завршија неуспешно – рече Бранимир Михалинец од Синдикатот на вработените во образованието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.