На повеќето документи од времето на тајната служба на поранешна Југославија тргната им е ознаката „доверливо“ и српските медиуми ги објавија. Во правилникот се наведени начините на кои дејствувала УДБА.

Точно е наведено како треба да се делува на некој кој е окарактеризиран како сомнителен по безбедноста на државата или пак ако не сака да соработка. Се предвидувало дури и компромитација на жртвата.

При стекнување личност за соработка, кандидатите можат да имаат негативни ставови кон соработката заради одредено воспитување, припадност на одредено опкружување, странско државјанство, поради одредено политичко убедување итн. Овие противречности исто така можат да бидат многу остри, така што лицето понекогаш е принудено да соработува (компромитирачки материјал). Оттука произлегува потребата да се надминат овие противречности, да се добие доверба, да се усогласат интересите, да се најде „заеднички јазик“. Затоа, ангажманот е исто така еден вид психолошко „кршење“ во зависност од личноста и од променливиот интензитет на кризата – пишува во правилникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.