„Македонија: Почна програмата на имунизација благодарение на вакцините што ги доби од Србија“; „Корона вирус: Почна вакцинацијата во Македонија“; „Македонија: Почна вакцинацијата со вакцините од Србија“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми за почетокот на имунизацијата нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Електронските изданија на медиумите во Грција, го пренесуваат текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, во кој пишува дека први се вакцинираа докторка и медицинска сестра од Инфективната клиника во Скопје.

АНА-МПА коментира дека почетокот на имунизацијата бил овозможен, благодарение на 4.680 дози на вакцината „Фајзер/БиоНТек“, што Македонија во неделата ги доби од Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.