Бугарското Министерство за надворешни работи им даде 72 часа на двајца руски дипломати да ја напуштат земјата.

Обвинителите ги обвинија дека биле вклучени во шпионажа во земјата од 2016 година, соопшти денеска Министерството.

Портпарол на Министерството изјави дека тој ја известил руската амбасада во Софија, јави Ројтерс.

Претходно денес, обвинителите изјавија дека двајцата дипломати барале доверливи информации за плановите за модернизација на армијата и одржување на воената опрема од 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.