Шоуменот Слави Трифонов е се поблиску да биде нов премиер на Бугарија на местото на Бојко Борисов откако денеска Националниот совет на Бугарската социјалистичка партија одлучи да ја поддржи претседателската двојка Румен Радев и Илијана Јотова за втор мандат со 122 гласа „за“, ниту еден против и девет воздржани.

Членовите на Националниот совет формираа работна група за комуникација со претседателската двојка за формулата за нејзино номинирање, иницијативниот комитет и политиките што ќе ги бранат Радев и Јотова.

Групата за комуникација ќе биде предводена од лидерот на БСП, Корнелија Нинова и ќе вклучува високи претставници на раководството на партијата, меѓу кои и Кристијан Вигенин, поранешен министер за надворешни работи во времето на премиерот Пламен Орешарски, во периодот 2013-2014 година.

БСП ќе ги одобри политиките развиени од Извршното биро, кои ќе бидат предмет на разговори помеѓу работната група и претседателската двојка за нејзиниот втор мандат.

Додека раководството на БСП имаше состанок, младинската организација на БСП скандираше за оставка на Корнелија Нинова

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.