Советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле го повика Косово да го прифати европскиот предлог за нормализација на односите со Белград, пренесе Бета.

Разговарав со премиерот на Косово Албин Курти за предлогот на ЕУ за нормализација на односите со Србија и апелирав до Косово да го прифати, напиша Шоле на Твитер.

Тој додаде дека клучна тема на разговорот било партнерството меѓу САД и Косово и заедничката цел за подобрување на европската и евроатлантската интеграција на Косово.

Шоле додаде дека со Курти разговарал и за важноста на мултиетничкиот карактер на Косово и напредокот во разговорите за формирање Заедница на српски општини.

Разговаравме за напредокот во разговорите за формирање Заедница на општини со српско мнозинство, во контекст на дијалогот, како и за потребата претставниците на косовските Срби да се вратат на своите позиции, напиша Шоле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.