Младиот Матеј Периш од Сплит, кој исчезна на 31 декември во Белград, сè уште е топ тема, но и мистерија за целиот регион. Откако 22 дена нема ниту трага, ниту глас од него, вчера следуваше шок зошто неговата сметка на вибер била активна вчера во 21:53 часот.

Оваа информација предизвика лавина на коментари, а по тој повод се огласи и неговиот татко.

Запознаен сум со тоа од страна на полицијата. Се работи за активности кој полицијата ги спроведува во склоп на истражувањето и сите детали за овој случај, вели Ненад.

Сигналот на неговиот телефон последен пат е лоциран во 02:40 часот на 31 декември во близина на големиот воен остров каде се влева Сава во Дунав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.