Веста дека припадници на криминалната група на Вељко Беливук – Веља Невоља брутално го мачеле и го убиле Лазар Вукичевиќ, навивач на Црвена звезда и наводен член на црногорскиот Шкаљарски криминален клан, сериозно ги „налутила“ Шкаљарците, кои ги потегнале сите врски што ги имаат за да проверат дали таквата информација е точна.

Доколку вестите се потврдат како точни, црногорскиот клан планира со сите сили да тргне против соработниците на Веља коишто се на слобода.

Како што пишуваат српските медиуми, членовите на криминалниот клан од которската населба Шкаљари, нема намера да дозволи нивните членови да „паѓаат“, поради што заземале јасен став, „во затвор или на слобода, Беливук и неговите соработници повеќе „нема да ја пролеваат крвта на Шкаљарците“.

Според објавените информации во јавноста, во викендицата што Веља и неговите ја користеле за брутални злосторства, српската полиција пронашла нови докази, меѓу кои, наводно, и трагови од крвта на Лазар Вукичевиќ, кој на 16 октомври исчезнал без трага на Баново Брдо во Белград.

Кога во јавноста излегоа информации дека Беливук и неговите соработници, на Вукичевиќ прво му го исекле јазикот па потоа го убиле, членовите на Шкаљарскиот клан, наводно, одлучиле да стават крај на злосторствата на екипата на Веља, за кои се сомневаат дека се направени и по налог на соперничкиот Кавчански клан, чиј прв човек во Србија бил токму Беливук.

Огранокот на Шкаљарците во Белград, но и останатите во Црна Гора не планираат да дозволат нивни членови да продолжат да бидат жртви на Беливук. Не ги интересираат жртвите на Веља кои не биле дел од нивната организација, но имаат јасен став дека Беливук повеќе нема да пролева крв на Шкаљарците – вели извор за „Курир.рс“

Изворот додава дека црногорскиот криминален клан веќе работи на собирање докази што дефинитивно ќе покажат кон Вељко Беливук, по што ќе следува одмазда.

Наводно, водачите веќе ангажирале луѓе кои проверуваат дали зад убиството на Вукичевиќ навистина стои Веља Невоља. Ако одговорот биде потврден, не е исклучено дека Шкаљарците ќе тргнат против соработниците на Беливук што се на слобода. Вукичевиќ, очигледно, е капката што прелеа чашата – вели изворот.

Според информации од истрагата, трагови од крвта на Лазар Вукичевиќ се пронајдени на подот и на ѕидовите во викендицата во Рипотек. Сомневањата се дека прво му го исекле јазикот затоа што низ град зборувал дека Вељко Беливук е „обичен конобар“ и дека „нема да го прави тоа што му го кажува конобарот“.

 

ŠKALJARCI SPREMAJU OSVETU VELJINOJ EKIPI: Ubistvo Vukićevića bila je kap koja je prelila čašu! Belivuk više neće prolivati krv

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.