Шефот на станицата во Лариса е обвинет дека ја предизвикал најсмртоносната железничка несреќа во Грција, квалификувана како убиство од небрежност. Грчкиот премиер пак,  Киријакос Микотакис се извини за секоја одговорност што грчката влада може да ја сноси за големата трагедија.

Истражниот судија и обвинителот се согласија дека против шефот на железничката станица во Лариса ќе биде поднесено обвинение за неколку точки за убиство, нанесување телесни повреди и загрозена безбедност во сообраќајот.

Најмалку 57 луѓе, од кои многумина беа под 20 години, загинаа кога патнички и товарен воз се судрија во вторникот вечерта со полна брзина северно од градот Лариса, во централна Грција.

59-годишниот шеф на станицата ги насочил двата воза на иста пруга, кои сообраќале во спротивна насока. Тој вчера повеќе од седум часа сведочеше за настанот што доведе до несреќата, по што беше поднесено обвинение и тој ќе биде задржан во притвор додека трае судењето.

Тоа е најголемата железничка несреќа во Грција, а претходно најголемата беше во 1968 година кога во несреќа на јужниот дел на Пелопонез кога загинаа 34 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.