Тежок инцидент се случил во подуевското село Перан на Косово. Според приштинските медиуми, татко е осомничен дека застрелал својот син.

Косовската полиција соопшти дека покренала истрага за да се расветлат сите околности на убиството.

Околу 18 часот пристигна дојава за пукање во селото Перан во општина Подуево. Полицијата излезе на местото на настанот и според првите податоци се знае дека од огненото оружје починало едно лице. Смрт констатирале лекарите од Брза помош. Полицијата покрена истрага за расветлување на сите околности – се наведува во полициската реакција.

Според локалните медиуми, убиството најверојатно било поради имотна корист. Според овие извештаи, таткото го застрелал младиот човек додека работел со трактор на нива.

Осомничените за убиството и жртвата наводно имале проблеми и претходно, а меѓусебни пријави имало и во полиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.