По киднапирањето и убиството на Никола Митиќ, Вељко Беливук и Марко Миљковиќ им честитаа на членовите на криминалната група за „завршената работа“ во август 2020 година преку апликација Skye за која веруваа дека полицијата не може да ја следи или прислушува.

Според обвинението на Обвинителството за организиран криминал, мотивот за убиството на Митиќ е тоа што членовите на кланот забележале дека тој ги следи Беливук и Миљковиќ. Кога бил киднапиран, Беливук им честитал на сите кои учествувале во „акцијата“.

Честитки до сите, ова не го правеа ни Земунците – рекол Беливук во нивната група за допишување.

– Браќа, благодарам. Честитки за сите, ова е десет – додаде Миљковиќ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.