Во Хрватска е направено онлајн истражување за психолошките последици од пандемијата со ковид-19.

Секој петти хрватски државјанин доживеал депресија, стрес и вознемиреност поради кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето реализирано од одделот за психологија при Филозофскиот факултет во Загреб на примерок од 3.500 возрасни испитаници, пишува „Вечерњи“.

Додека, како што се очекуваше, стресот и вознемиреноста се чувствуваа еднакво од сите возрасни групи, самохраните лица, постарите и граѓаните што живеат во семејства со нарушени односи, како и граѓаните што претходно имале ментални нарушувања, беа повеќе депресивни“, изјави професорката по психологија, Гордана Кутеровац-Јагодиќ, од Филозофскиот факултет во Загреб.

Само 38 отсто од постарите граѓани кажале дека се сметаат себеси за поранливи од другите групи граѓани, а 6 отсто рекле дека се дури и поотпорни на вирусот од другите групи.

Но, 28 отсто од пензионерите, поради економските последици од кризата, се многу загрижени затоа што нивните пензии ќе бидат намалени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.