Венец со потресна порака посветена на трагично настраданото момче, 12-годишниот Андреј Прекљушај, кој загинал заедно со пешакот Дејан Илиќ кога на тротоар со „ауди“ ги покосил 19-годишниот Немања С. од Белград, поставен е на местото на трагедијата во Ниш.

Покрај венецот се оставени и две рози, црвена и бела, како и свеќа и запалено кандило за покој на душите на жртвите.

За мојот Андреј, сега си меѓу ангелите каде те чува татко ти. Те сака тета, пишува на венецот оставен на местото на несреќата.

На тротоарот се уште се видливи трагите од несреќата, остатоци од автомобилските гуми кои од коловозот свртеле на тротоарот каде ги усмртиле двајцата недолжни минувачи – момчето кое се враќало дома од блискиот трговски центар и човекот кој безгрижно шетал со соседот.

Овој булевар инаку е еден од најуредените сообраќајници во Ниш затоа што има три коловозни ленти од двете страни, а тротоарот е одвоен и има стаза за пешаци и за велосипедисти.

Ширината и добрата состојба на коловозот е токму причината поради која многу возачи доаѓаат таму за да дадат „гас до даска“ со своите возила не почитувајќи го ограничувањето на брзината.

12-годишниот Андреј инаку пред неколку години останал без својот татко кој починал во сон.

Семејството го пријавило исчезнувањето на момчето затоа што во првиот момент кога се случила несреќата не се знаело дека тој е меѓу жртвите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.