Седумгодишниот Павле С. од Ниш за среќа поминал со лесни повреди откако, под се уште неразјаснети околности, паднал од балконот од семејниот дом на тревникот пред зграда.

Седумгодишниот Павле преживеал пад од девет метри кога вчера рано утрината, довикувајќи ја својата мајка, паднал од балконот.

За чудо, момчето се здобило само со лесни повреди, нагмечување на телото и гребаници. а после тоа бил префрлен во болница.

Како што дознава Курир.рс оваа необична несреќа само за некое чудо не завршила трагично, се случила во околу 5 часот наутро.

Момчето се разбудило рано наутро и почнало да ја вика мајка си, која во тој момент била во тоалетот. Жената не го слушнала неговото довикување, после што станал од креветот и така синлов излегол на тераса. Тој веројатно помислил дека мајка му е во собата која е покрај неговата.

Како што пишуваат српските медиуми, можно е да сакал да премине во друга соба, кога изненадно изгуил рамнотежа и паднал на тревникот пред зграда. Мајка му по излегувањето од тоалетот влегла во собата на детето и видела дека го нема во креветот. Набрзо го слушнала неговото довикување од тревникот кое ги вонзнемирило сите станари.

Преплашената жена веднаш истрачала пред зграда, а на помош излегле и соседите, кои ги разбудила буката. Првично не биле свесни дека момчето не е тешко повредени, а кога виделе дека ги поместува нозете и рацете, одлучиле да не губат време и со приватен автомобил да го однесат во Ургентниот центар.

На преглед му биле констатирани само лесни повреди во вид на контузија и нагмечување на телото.

Падот на момчето полицијата го смета за несреќен случај, затоа што засега нема констатирани елементи за кривично дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.