Актерот Горан Јевтиќ (41) ќе помине 10 месеци во затвор откако беше обвинет дека во август 2014 година обљубил 16-годишно момче, поточно го принудил на орален секс во тоалетот на Народниот театар во Сомбор. Судот претходно му изрече казна домашен затвор, но откако Јевтиќ ја обжали пресудата, доби затвор, забрана за работа со малолетници и е запишан во регистарот за педофили.

Се се случило на една журка по манифестацијата Театарски маратон. Момчето му пришло на актерот за да му честита, а овој го поканил на пијачка, што кај оштетениот создало чувство на возбуда и задоволство, зашто како студент на школата за глума, му претставувало голема чест.

Подоцна Јевитиќ му пришол, со раката лесно го стиснал за лакотот и тргнале. Одел по него во ходникот и не ни претпоставувал што го чека.

Обвинетот влегол во тоалетот во ходникот, а малолетникот влегол по него за да измие раце, кои му биле масни од бурекот што го јадел претходно. Тогаш обвинетот ја отворил вратата од вецето и му рекол: „Може да дојдеш само на секунда“. Не знаејќи што сака обвинетиот, се приближил, а тогаш овој го повлекол за рака и го пикнал во веце-кабината, ја затворил вратата, му ја ставил раката на врат и почнал да го љуби по вратот велејќи му: „Треба да ти биде чест што некој славен сака да ти го испуши“, стои во пресудата.

Јевтиќ му рекол и дека тоа не значи дека е геј, а момчето плачело и молело да престане.

„Не знаеш колку добро ќе ти го испушам“, му рекол, па го извадил пенисот и почнал да мастурбира со едната рака, а со другата му ги откопчал панталоните на момчето, го извадил неговиот пенис, го ставил во уста и продолжил да мастурбира. Малолетникот цело време плачел од страв и го молел да престане, стои во сведоштвото.

Во еден момент актерот се тргнал и момчето успеало да избега. Според тврдењето на малолетникот, злоставувањето траело околу седум минути.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.