Неколку групи граѓани се собраа вечерва околу 20 часот пред Домот на националното собрание во Белград, но далеку помалку отколку во претходните вечери, пишуваат медиумите од соседството.

Помеѓу насобраните граѓание и и поранешниот член на „Двери“, Срѓан Ного, кој во медиумите е означен како водач на насилните демонстрации заради што е приведен и сослушуван во Обвинителството, пишува Тањуг.

Се добива впечаток дека вечерва повеќе десно ориентирани демонстранти, кои и скандираат, додека граѓанскиот дел од протестот повеќе се држи на страна и се однесува како набљудувач, пишува српски Н1.

Протест вечерва се одржува и во Ниш, имено, неколку десетици демонстранти со транспаренти ја блокирале улицата пред зградата на Собранието на градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.