Грција оваа недела започна со издавање на дигитални сертификати за вакцинација на коронавирус на своите граѓани и најверојатно ќе побара слична потврда од странски туристи. Сепак, земјата  не може да си дозволи да изгуби уште една туристичка сезона па наоѓа алтернативни можности за патување на туристите.

Грците кои примаат вакцина против коронавирус ќе добијат сертификат за дигитална вакцинација, што ќе им овозможи да се движат без ограничувања меѓу регионите во земјата, а патниците кои влегуваат во земјата со сличен сертификат се очекува да бидат ослободени од тестот и карантинот.

Грчкиот сертификат содржи информации идентификација, податоци за примената вакцина и ревакцинација и има три нивоа на заштита – QR-код, единствен код и дигитален печат. Таквата потврда беше воведена на инсистирање на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Презентирајќи го својот план за воведување единствени сертификати за ЕУ, тој истакна дека идејата е да се создаде „брза лента“ што ќе ги оживее туризмот и рекреацијата и ќе им овозможи на граѓаните слободно и без ограничувања да се движат од земја во земја.

– Сега кога крајот со постепено воведување на масовни вакцинации во сите земји на ЕУ само што се наира, таа жртва не смееме да ја земаме здраво за готово.- рече премиерот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.