По вчерашното невреме кое се случи на Халкидики, Грција, се уште нема електрична енергија, но се работи на отстранување на дефектот. Екипи се излезени на теренот и ги санираат штетите од синоќешното невреме.

Македонските туристички агенции кои нудат аранжмани на Халкидики, во Неа Потидеа, Никити, Метаморфозис, Полихроно, Калитеа, Пефкохори… ги информираат сите членови на семејствата, роднините и пријателите чии блиски се на летување дека се добро и досега немаат пријавено никакви штети.

Македонските граѓани кои евентуално се повредени во невремето во Грција можат да го контактираат Генералниот конзулат во Солун на следниве телефони
00 30 23 102 77 347
00 30 23 102 77 348

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.