Две лица загинаа во падот на мал спортски авион во близина на аеродромот во Приједор, соопшти полициската управа во Приједор, Босна и Херцеговина.

Таткото и ќерката од Приједор загинаа денеска кога нивниот мал спортски авион се урна во поле крај главниот пат кој води од Приједор до Козарска Дубица, во Република Српска.

Околу 15.00 часот авионот се урнал во нива покрај патот Приједор-Козарска Дубица.
Местото на несреќата го обезбедуваат припадници на полициската управа Приједор, а присутни се и припадници на Територијалната противпожарна единица за спасување.
На местото на несреќата со своите соработници пристигнал и градоначалникот на Приједор, Слободан Јавор.

Порталот Српска инфо наведува дека настрадале инструкторот за летање и неговата ќерка.

Долгогодишниот инструктор по летање, врвен каратист и планинар, Љубиша Араманда, и неговата ќерка Андреја загинаа во денешната авионска несреќа кај Приједор. Андреа беше црн појас први дан, додека нејзиниот татко беше кафеав појас. Нека почиваат во мир, искрено сочувство до семејството…“, напишаа од клубот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.