Помал спортски авион се урна вчера околу 15 часот кај Хвар, а пилотот, инаку германски државјанин, успеал да се спаси.

Авионот се урна меѓу Сплитски Врати и Хвар. Пилотот е спасен и моторна јахта по наш налог го донесе во пристаништето Хвар, рекоа од службата за трагање и спасување на море.

На јахтата имало словенечки туристи.

Спортскиот авион летал од Дубровник кон Лошињ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.