Хеликоптер, најверојатно приватен, од засега непознати причини, попладнево се урна во близина на грчкиот остров Порос, jави дописничката на МИА од Атина.

Се уште не е познато колку лица се превезувале во хеликоптерот, а во тек е акција на крајбрежната служба на Грција.

Според првичните неофицијални информации, хеликоптерот најверојатно удрил во кабли и паднал во морскиот дел на островот Порос што се наоѓа 58 километри јужно од атинското пристаниште Пиреас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.