Формуларот PLF (Passenger Locator Form), што веќе 20 месеци е задолжителен за влез во Грција, без разлика дали станува збор за грчки државјани или странски туристи и независно од начинот на патување и влез во земјата, ќе се укине од 15 март 2022 година.

Конкретната обврска, како и за сите туристи, важи и за македонските граѓани кои патуваат кај јужниот сосед.

Министерот за туризам на Грција Василис Кикиљас денеска соопшти дека „по препорака од Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство, од 15 март 2022 година се укинува пополнувањето на формуларот Passenger Locator Form (PLF) за сите посетители од сите земји за влез во Грција“.

Задолжителното пополнување на PLF формуларот, Грција го воведе на 1 јули 2020 година и се уште е во сила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.