Од денеска 7 јули се до 15 јули во 23:59 часот се укинува авиосообраќајот помеѓу Грција и Србија и се забранува секаков влез на српски државјани поради ескалацијата на епидемијата со корона вирус во Србија.

Во соопштението се наведува дека единствен исклучок од ваквата одлука има само кога станува збор за граѓани од шенген зоната, членови на семејства на граѓани од ЕУ, граѓани од трети земји кои имаат престој во европските земји или Шенген зони, дипломатски лица и вбо други специјални случаи.

Одлуката на грчката влада важи до 15 јули, а донесена е поради големиот број тестирани патници кои пристигнале на границите со Грција а се позитивни на корона вирус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.