Четири лица загинаа откако чамец се превртел денеска на Скадарското Езеро, во близина Врањина во Црна Гора. Се работи за тричлено семејство и момче, кое се обидело да ги спаси.

Според наводите на медиумите, чамецот со неколку лица во него се упатил во обиколка на тамошниот манастир. Поради силното невреме со дожд и силен ветер, кое го зафати подрачјето на Скадарското Езеро, големите бранови го превртиле чамецот.

Еден од лицата кои успеале да допливаат до брегот за тамошните медиуми изјавил дека во несреќата настрадале мајка, татко, ќерка и момче што се обидело да ги спаси.

Можеа да се спасат, но мајката се обиде да го спаси своето дете, па и таа загина. Таткото се удави додека се обидуваше да ги спаси, исто и момчето што тргна да им помогне, раскажал тој.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.