Снежните врнежи и подмрзнатите патишта беа причина за необична сообраќајна несреќа во Република Српска.

Како што објави „ИнфоБјелина“, во селото Средња Чаѓавица кај Бјелина, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале автомобили „Опел“ и „Мазда“ управувани од свекор и неговата снаа. 

Во оваа несреќа, свекорот се здобил со сериозни телесни повреди, додека возачот на „Маздата“, односно снаата, поминала само со полесни телесни повреди.

Полицијата спроведува истрага за да се утврдат причините што довеле до оваа сообраќајна несреќа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.