Според последните анкети партијата на Бојко Борисов ќе освои најмногу гласови на изборите во Бугарија.Но, тоа нема да му биде доволно да направи влада и ќе му треба коалициски партнер.Тоа најверојатно ќе биде партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов“.

Трифонов еден од најпознатите шоумени во Бугарија и на 54 години реши да влезе во политиката и формираше партија која стекна голема популарност.

Слави важи за радикален политичар кој за Македонците вели дека се Бугари и прашува зошто земаме бугарски пасоши ако ги нарекувме „Татари и Цигани“.

Тој повеќе од 20 години има свое шоу во кое му гостуваа најпознатите светски ѕвезди. Во 2001 година гостин му беше и нашиот Игор Џамбазов и тогаш Слави не си помина добро.

Погледнете

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.