Постарите сигурно се сеќаваат на Џејми Шејн, поранешен портпарол на НАТО.Тој беше гласноговорник на Алијанса за време на бомбардирањето на Србија во 1999 година.Стана познат кога цивилните жртви во нападите ги нарече колатерална штета. Повторно е актуелен на Балканот, посебно во Хрватска од каде побара претседателот Вучиќ да избере страна.

Во Србија неодамна беа одржани избори на кои претседателот Вучиќ извојува убедлива победа. Србија има големи економски врски со Европската унија, додека Русија има долга историја заснована на идејата за панславизам. Инвазијата на Путин на Украина ги промени работите. Вучиќ треба да разбере дека Западот и Русија ќе се оддалечуваат поради војната во Украина и дека веќе нема да може да се седи на две столчиња. Тој ќе треба да избере. Вучиќ наводно рекол дека тоа ќе го направи во следните шест недели-изјави Шејн.

По ова и Вучиќ не остана должен и го запраша.

Дали спиеш? Можете ли да спиете мирно? Не ви е срам јавно да зборувате за Србија? – праша Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.