Бугарските медиуми предупредуват дека на продажните места во Бугарија сè почесто може да се најде кашкавал „збогатен“ со скроб. Млекопроизводителите об Бугарија велат дека вакава измама со замена на дел од млекото со компиров скроб се појавила повторно, и тоа во време кога во земјата престојуваат голем број туристи во зимските ски центри и има зголемена побарувачка за кашкавал.

Според Здружението на млекопреработувачите  во Бугарија, покрај досегашното додавање на палмово масло во млекото при производството на кашкавал, сега потрошувачите се измамуваат со додавање на скроб. Така, производната цена на кашкавалот значително се намалува, пишува бугарски „24 часа“. За килограм вистински кашкавал потребни се околу 10 литри млеко. Со трошоците за производство и ДДВ неговата цена е речиси 13 лева за килограм.

Во поевтините производи има разни додатоци на сметка на млекото. На овој начин, производната цена може да се намали на 4 лева, бидејќи употребеното млеко е помалку од половина, велат бугарските млекопроизведувачи за „24 часа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.