Едно лице го загина, а седуммина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што доцна синоќа, петнаесетина минути пред полноќ се случила на автопат во Хрватска во правец од Сплит кон Загреб.

Според информациите од полицијата несреќата се случила кога 58-годишен албански државјанин кој управувал автобус со албански национални ознаки и од засега непозната причина свртел десно, удрил во ограда и се превртел на левата страна.

– Во автобусот во моментот на несреќата имало девет патници и возачот. Едно лице загина, а неколку лица се повредени и се сместени во општите болници во Карловац и Огулин. Увидот е во тек информира полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.