Дваесет и девет лица се повредени, од кои четири се во критична состојба, откако денеска во регионот Сома, во Франција, се преврте автобус кој патувал од Париз за Лондон.

Според локалните медиуми, автобусот на компанијата „Фликс Бус” со 32 патница се лизнал на влажниот автопат.

Во автобусот имало патници од САД, Австралија, Шпанија, Холандија, Романија, Русија, Велика Британија и Франција.

Седиштето на компанијата е во Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.