Утринава после 10 часот се случила сообраќајна несреќа на патот кај приградската населба Умка, во правец кон Белград, пренесуваат српските медиуми.

Како што може да се забележи на фотографиите на репортерот на „Новости“ од местото на настанот, се превртел автобус на јавниот превоз.

Според првичните информации од српската полиција, во несреќата се повредени неколку лица.

Создадени се колони од автомобили во двата правца, а сообраќајот е во застој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.