Девет странски државјани се уапсени на аеродромот во Атина со фалсификувани патни исправи, преправени во одбојкарски тим, со исти тренерки и ранци. Уапсените се обиделе нелегално да ја напуштат Грција.

Од грчката полиција соопштија дека по направената контрола било констатирано дека лицата не се членови на спортска екипа, а целта била нелегално да патуваат во друга европска земја.

Според грчките медиуми, уапсените се сириски државјани, имале фалсификувани романски патни исправи, а од Атина со авион сакале да патуваат до Виена.

Во минатото во Грција беа откриени најмалку два вакви случаи кога бегалци или мигранти преправени во спортски тим сакале нелегално да ја напуштат земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.