Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ нервозно реагира затоа што српските власти го поврзуваат со атентатот врз Алекснадар Вучиќ.

Тој очигледно се препознал во описот на „политичкиот заштитник“ на шефот на „кавачкиот клан“, Радоје Звицер, кој според Европол подготвувал атентат на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. .

Во интервју за агенцијата „Мина“, Ѓукановиќ рече дека неговото доведување во врска со планирањето на атентатот на претседателот на Србија е „најобична глупост и политичка конструкција“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.