21-годишната Тамара Стојановиќ настрада во сообраќајна несреќа која се случила на 23 септември кај Лазаревац, Србија, додека нејзината пријателка Јелена М., која била на совозачкото место преживеа, но се здоби со повреди.

После 7 дена од трагедијата Јелена смогнала сила да раскаже што се случило на кобниот ден.

Тргнавме во етно село „Бабина река“ затоа што со денови пред тоа се договоравме да одиме негде да се одмориме. Тоа попладне таа мене ме собра на блиската пумпа, земавме што ни треба и тргнавме. Кај црквата Даросава, Тамара се прекрсти, што инаку правеше кога ќе видеше црква. Пред самата несреќа се сврте кон црквата и се прекрсти. Кога го врати погледот, бевме на ширинка пред црквата која беше полна со ситни камчиња, сврте лево, но почнавме да лизгаме и тргнавме кон каналот на спротивна страна. Потоа таа вртеше десно директно кон нивата доле. Само се сеќавам дека се превртевме и неколку секунди после тоа видов дека главата обилно и крвари. Го одврзав појасот, истрчав од автомобилот и од луѓето на патот барав пешкир или нешто со што можам да го запрам крварењето. Тие истрчаа од автомобилите и ми дадоа пешкир. И ја држев главата додека мештаните од селото не рекоа дека тие ќе преземат – со кнедла во грло раскажала за српските медиуми Јелена, скршена од болка поради загубата на најдобрата другарка.

Таа најпрво повикала брза помош, а потоа и семејството на Тамара за да им соопшти за несреќата.

Мештанин од селото потврдил дека Тамара била скоро жива се до доаѓањето на Брзата помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.