Поради неповолната епидемиолошка состојба на Косово, учебната година се одложува за уште две недели, до 26 септември, градинките и занималните ќе бидат затворени, изјави министерот за здравство Арбен Витиа, цитиран од агенциите.

Меѓу новите мерки е и забраната за физичко присуство на универзитетите, и тоа се однесува и на државните и на приватните универзитети, рече министерот.

Во семејства каде што двајцата родители на деца кои посетуваат градинка, едниот родител е ослободен од обврската физички да оди на работа помеѓу 13 и 26 септември, рече Витија.

Тој додаде дека полицискиот час останува во сила од 22 часот до 5 часот наутро.
Бројот на нови инфекции со коронавирус се намалува, но епидемиолошката состојба останува нестабилна, рече министерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.