Напнато е во Цетиње, Црна Гора пред најавеното востоличување на Митрополитот на Српската православна црква (СПЦ) ) Јоаникие закажано за 5 септември. Како што пренесува Н1, шефот на Центарот за безбедност на Црна гора Далибор Шабан оцени дека безбедноста во градот се следи од минута во минута и дека „тензиите и поттикнувачката вербална реторика се повеќе и повеќе се присутни“.

Полицијата и останатите припадници на службите кои се грижат за јавниот ред и мир се подготвуваат за спречување на евентуални инциденти за време на црквениот чин.

Црногорските медиуми пренесуваат дека болницата во Цетиње наредила сите пациенти чија состојба е стабилна и дозволува, да бидат отпуштени од болницата, а исто така во болниците да се примаат само итни случаи. Агенцијата Бета, исто така, дознава дека некои луѓе од Цетиње одлучиле да ги преселат своите жени и деца во некои од другите градови во Црна Гора за викенд од страв за нивната безбедност.

За денес е закажана седница на Советот за безбедност на Црна гора на која ќе присуствува и премиерот Здравко Кривокапиќ, кој претходно најави дека нема да присуствува на устоличувањето на митрополитот Јоаникије, неисклучувајќи и воведување евентуална забрана за овој настан доколку се процени дека ризиците претставуваат опасност за безбедноста на граѓаните.

Тензиите ексалираа поради најавеното устоличување на кое остро се противат црногорските национални организации, здруженија и речиси сите опозициски парламентарни партии. На најавениот голем протест свое присуство најави и претседателот Мило Ѓукановиќ. Се очекува, за време на црквениот чин да се соберат голем број граѓани на Цетиње.

Востоличувањето на митрополитот Јоаникиј беше објавено во присуство на други архиереи на Српската православна црква, на чело со патријархот Порфириј.

Црногорско-приморската Митрополија на Српската православна црква претходно се откажаа од носењето на верниците на Цетиње за време на устоличувањето, со цел да се избегнат евентуални инциденти и судури со веќе најавениот протест организиран од владеачката гарнитура блиска до престедателот Ѓукановиќ.

Црногорско-приморската Митрополија најави одржување на голема церемонија во Подгорица на 4 септември во црквата Христово Воскресение. Најавено е присуство на илјадници верници, богата културна и забавна програма, а подготовките се во тек.

Се смета дека токму оваа церемонија ќе покаже дали зголемените тензии ќе ескалираат ден покасно, кога е закажано и востоличувањето на Српскиот Митрополит на Цетиње.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.