До 2050 година се очекува населението во Грција да опадне до осум милиони жители, а оваа силна демографска тенденција почна од 2011 година кога беше регистрирана ваква негативната стапка, за првпат по 1944 година, пренсе весникот „Катимерини“.

Врз основа на конзервативно сценарио се очекува до 2050 година населението во земјата да опадне на осум милиони, наведува Стефанос Чандакас, основач и претседател на невладината организација HOPEgenesis, на настан во Институтот за јавно здравје на Американскиот колеџ во Атина.

Чандакас изјави дека во 2017 година во земјата биле регистрирани 8. 553 раѓања и 124.501 смртни случаи.

На форумот било подвлечено дека Грција е на многу ниско ниво во Европа во однос на политиките за поттикнување на мајчинството, семејствата и плодноста, и беше подвлечена неопходноста од создавање пријатна средина за поддршка на двојките со родителски потенцијал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.