Софија Ражнатовиќ(41), вонбрачната ќерка на Жељко Ражтановиќ Аркан, која некогашниот командант на СДГ ја добил во Белгија, оваа година била спречена да присуствува на поменот, поради корона вирусот. Софија истакнува дека Аркан секогаш ќе живее во нејзиното срце и дека многу и недостига.

Нон-стоп мислам на мојот татко Жељко. Оваа година бев спречена да присуствувам на поменот поради севкупната ситуација со корона вирусот. Не е паметно да доаѓам поради пандемијата – напишала Софија во писмото до редакцијата на српски Курир.

Се надевам дека моето семејство е добро и дека се е во најдобар ред и дека пронашле мир после сите овие години тага. Минаа 21 година и време е да продолжиме со животот. На сите им посакувам среќа и успех, а мојот татко засекогаш ќе живее во нашите срца, напишала Софија.

Инаку Аркан Софија ја добил со социјалната работничка која за него се грижела во белгискиот затвор. Софија денеска живее во Брисел, а прв пат го видела татко и на екран во 1991 година кога стана познат на целиот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.