Силно невреме денеска ги погоди Загреб, Риека и уште неколку други хрватски градови.

Во Загреб врне пороен дожд и дува силен ветер, проследено со грмотевици и молњи, додека во Риека врне дожд, има силен ветер и големи бранови, јави загрепскиот портал Индекс.

Силен ветер крши гранки, а засега нема информации дали некаде е предизвикана поголема материјална штета.

Во делови на Хрватска почна да паѓа снег, а кај Бјеловар е забележана појава на град. Силен ветер дува и во Загреб, а бура мина и низ северниот дел на таа земја.

Меторолозите најавуваат дека бурата се спушта кон Србија и Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.