„Претседателот Румен Радев ќе ги започне консултациите со пратеничките групи за врачување на мандатот за состав на нова влада откако премиерот во согласност со Уставот ја поднесе оставката на актуелната влада до Народното собрание“.

Ова го соопшти Претседателството како одговор на прашањата по изгласувањето недоверба на Владата вчера изгласано од бугарското Народно собрание.

Кирил Петков рече дека ќе се обиде да формира нов кабинет откако ќе му се врачи мандатот од претседателот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.