Полицијата во Врање трага по Марјан Стаменковиќ  (47) под сомнение дека ја убил Сара Асановиќ (27), поранешна победничка на фестивалот за избор на убавина „Каранфил девојче“. Стаменковиќ е обвинет дека ја убил Сара на бензинска пумпа додека таа седела на маса со друг маж.

Грозоморното убиство на несреќната девојка се случуло околу 18 часот, а безбедносните камери снимиле сè.

Убиецот испукал шест истрели од пиштол во Сара, а девојката им подлегнала на повредите на самото место. Најверојатно мотивот за злосторството е страст и љубомора.

Марјан Стаменковиќ (47) излегол од затвор во јануари годинава, по 12 години одлежани за убиство.

Сара е позната во градот како победничка на изборот за убавина „Каранфил девојче“ во 2013 година.

После тоа, Сара беше член на модна агенција неколку години, но залута. Беше многу убава, имаше латинска убавина. Сепак, таа стана зависна од дрога и алкохол, па повеќе не можеше да работи во модна агенција. Наводно, била мажена и со Турчин. Некое време беше и во Германија, вели изворот на „Објектив“.

И семејството на Сара потврдува дека била проблематична. Таткото на Сара изјавил дека имала психички проблеми, но институциите не сакале да им излезат во пресрет.

За Стаменковиќ, пак, српските медиуми јавуваат дека првата жртва А.Т. ја задавил во јануари 1998 година, а во ноември 2006 година неколку пати избол две девојки, кои преживеале.

За убиството Окружниот суд во Врање го осудил со седум години затвор, но Врховниот суд ја преиначил казната на девет години.

Стаменковиќ бил ментално нестабилен за време на убиството и дека по убиството на А.Т. навечер го посетувал нејзиниот гроб, изјавил вештакот на судењето.

Стаменковиќ бил помилуван една година и четири месеци пред крајот на затворската казна. Неколку месеци подоцна, се обидел да убие друга девојка.

Иако бил во бегство, се појавил на хируршкото одделение каде што лекарите се бореле за животот на неговата жртва.

Ако сакав да ја убијам таа вечер, ќе го стрев тоа без проблем. Се се случи во еден момент, делумно поради љубомора, што е моја слабост и сплет на несреќни околности, изјавил Стаменковиќ на судењето во 2007 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.