Црногорската полиција истражува дали Далибор Даба Томовиќ (46), кој беше поврзан „Шкаљарскиот клан“ извршил самоубиство, како што првично се веруваше или е убиен.

Неговото тело беше пронајдено во изнајмен автомобил на напуштен паркинг во Котор во неделата навечер.

Телото е на обдукција, а како што пишуваат медиумите, сомневањата во верзијата дека Томовиќ се самоубил го предизвикале два наоди.

Според една верзија тој наводно пред да почине, се сретнал со припадник на „Кавачкиот клан“, а втората е дека инспекторите пронашле две чаури за време на истрагата.

Томовиќ бил пронајден во паркиран автомобил со прострелна рана во пределот на главата. Томовиќ бил близок пријател на покојниот Игор Дедовиќ и со „Шкаљарскиот клан“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.